Бранот од ниски температури деновиве ги зафати и Шведска и Обединетото Кралство.
На северот од Шведска се забележани -39,5 Целзиусови степени, што е најниската температура за овој месец, соопштија од тамошниот метеоролошки завод.
Речиси 40 степени под нулата во четвртокот беа измерени и во шведскиот град Никалуокта.
Локалните медиуми наведуваат дека најниската температура измерена во Шведска се спуштила и до -52,6 степени, и тоа во 1966 година во Лапонија.
Студени ноќи оваа зима има и во Обединетото Кралство. Температурата во средата вечера во Шкотска се спуштила и до -11 степени.
Ниските температури и студот доведоа до застој во железничкиот сообраќај, а на аеродромите во Манчестер и во Ливерпул имаше и
откажување на летови.