X
 18.09.2015 Живот

Како изгледа куќа дизајнирана од 2 милиони луѓе?

Повеќе од 20% од населението во Шведска учествувало во дизајнирањето на „совршениот дом“ во периодот од јануари до ноември изминатата година.

Проектот бил организиран од шведскиот портал „Хемнет“. Целта на проектот била да се дизајнира идеалната куќа со помош на желбите на корисниците собрани на интернет-страницата.


- Тоа беше експеримент поттикнат од љубопитноста - изјавил претставникот на страницата, Стафан Тел за „Бизнис инсајдер“.

Од дизајнот дознаваме една работа - Швеѓаните сакаат едноставност. Домот е црвен, дрвен и квадратен. Внатрешноста е поинаква, со камин и кујна во близина на дневната соба.

Куќата се простира на површина од 340 квадратни метри, а истата би чинела приближно 300.000 евра. Веќе се планира изградба на куќата.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот