Мислите дека не е лесно нешто да ве исплаши? Погледнете ги овие филмови и со нив нурнете во длабочините на морето. Потоа сигурно нема да биде лесно да престанете да мислите на сцените во кои страшни работи се кријат во длабочините.
„Гребенот“ (The reef)
Ова е хорор-трилер за голема бела ајкула која го лови екипажот на потоната едрилица долж Големиот корален гребен.
„Отворена вода“ (Open water)
Оваа авантура, која истовремено е и драма и хорор, се заснова на вистинска приказна за двајца нуркачи кои случајно останале во вода полна со ајкули откако биле напуштени од туристички брод.
„Ајкула“ (Jaws)
Оваа серија од филмови започнува со легендарна сцена во која голема бела ајкула напаѓа и убива една девојка во мал град.
„Сурфер во душата“ (Soul surfer)
Оваа биографија ја раскажува приказната за сурферка која ќе го надвладее стравот од враќање во вода откако ја губи раката во напад од ајкула.
„Опасност од длабочините“ (The shallows)
Филмот ја следи приказната на жена која останува далеку од плажата, но за да се врати треба да се соочи со две ајкули.
Извор:
Studentski
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)