Пред пет години Вилијам Џоу се најде на листата на „Форбс“ со најуспешните 30 луѓе помлади од 30 години во категоријата образование. Џоу е сопственик на едукативната компанија „Чок“, која им помага на професорите да водат евиденција на своите планови за предавања и домашни задачи.
Во 2015 година повеќе од 100.000 професори и наставни го користеле овој систем. Пред две години бројот на корисници се зголемил на над 250.000. Џоу вели дека околу половина милион корисници ја користат неговата платформа за планирање на часовите.
Кога ја основал компанијата, Џоу бил фокусиран да им помогне на наставниците и професорите да ги планираат своите часови. Гледајќи ги своите професори во средното училиште, сфатил дека мора да има подобар начин.
- За професорите, ова е планер за часови. Но добрата страна е што не ги оттргнува од реалниот план на предавање и можат многу лесно да се вклопат со наставниот план што го налага државата - вели Џоу.
Поврзаноста помеѓу наставниот план и планот за часови на професорите е многу важна бидејќи покажува колку професорите предаваат знаење на часовите, како и активностите што ги извршуваат во училниците.
- Навистина е голем товар да испланирате што ќе ги учите учениците, притоа внимавајќи да предавате по вистинските стандарди, пренесувајќи ја вистинската информација - додава Џоу.
Џоу е свесен декане се водат сите по стандардниот наставен план и дека некои ја немаат можноста за тој вид планирање на училишните активности. Но затоа планот на овој млад бизнисмен е да ја развие платформата за да биде актуелна насекаде.
Порастот на фирмата е навистина импресивен бидејќи
бизнис-планот е дизајниран на многу едноставен начин. Постои намера да се развива и понатаму воведувајќи премиум-понуди за професорите што користат и технологија во своите предавања. Преку „Чок“, Џоу им помага на професорите да го пренесат знаењето на вистински начин, или барем да ги планираат часовите на лесен и модерен начин.
Автор: Дерек Њутон
Извор:
forbes.com