X
 25.09.2018 Култура

Филмовите со најмала заработувачка во 2018 година

Иако несомнено станува збор за плодна филмска година, со оглед на тоа што профитот на киноблагајните е зголемен за 8 отсто од минатата година, и оваа година неколку филма не успеаја да привлечат публика.

Ова се седумте филма со најлоша заработувачка во киноблагајните.

7. „A wrinkle in time“ - 100 милиони долари




Буџет потрошен за филмот: 103 милиони долари

Доколку се земе предвид и заработувачката од кината надвор од Америка, тогаш филмот го врати потрошениот буџет на „Дизни“, но студиото сигурно дека не го сака само тоа.

6. „The Predator“ - 40,4 милиони долари



Буџет потрошен за филмот: 95 милиони долари

Иако филмот сѐ уште игра во кината, се чини дека лошите рецензии ги спречуваат фановите да одат да го гледаат.

5. „Death Wish“ - 34 милиони долари



Буџет потрошен за филмот: 30 милиони долари

Во филмот Брус Вилис открива дека ако не се вика Џон Меклејн и ако не држи пиштол во филмот, тогаш на публиката едноставно не ѝ е гајле.

4. „Annihilation“ - 32,7 милиони долари




Буџет потрошен за филмот: 40 милиони долари

И покрај тоа што има неколку позитивни рецензии, најновиот научнофантастичен филм од режисерот на „Еx-Machina“ не ја привлече публиката.

3. „The Happytime Murders“ - 20,7 милиони долари



Буџет потрошен за филмот: 40 милиони долари

Дури и тоа што Мелиса Мекарти е во филмот не беше доволно за да ги мотивира фановите да одат и да го гледаат филмот.

2. „The Hurricane Heist“ - 6,1 милиони долари




Буџет потрошен за филмот: 35 милиони долари

Се чини дека комбинирањето грабеж на банка и ураган не гарантира заработка на пари.

1. „Action Point“ - 5 милиони долари




Буџет потрошен за филмот: 19 милиони долари

И покрај тоа што голем дел од филмската екипа е од „Jackass“, франшиза што имаше огромен успех, филмот не успеа да заработи ни приближно колку што потроши.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура