Икона во светот на мистериите, трилерите и крими-романите, Агата Кристи е една од најпродаваните авторки на сите времиња.
Агата била одличен писател. Уживала да пишува и да создава ликови уште како мало девојче, но кој би помислил дека нејзините книги ќе бидат едни од најчитаните на сите времиња?
Во продолжение ви пренесуваме неколку нејзини мудри мисли:
- Добрите совети секогаш се игнорираат, но тоа не е причина да не ги давате.
- Инстинктот е прекрасна работа. Не може ниту да се објасни ниту да се игнорира.
- Мислам дека потребата не е мајка на пронајдокот. Пронајдокот произлегува директно од безделничењето, веројатно и од мрзливоста. За човек да се спаси од неволја.
- Стравот е нецелосно знаење.
- Ако ја ставите главата во устата на лавот, тогаш не жалете се ако еден ден ве касне.
- Археологот е најдобриот сопруг што може да го има една жена. Колку е таа постара, толку е позаинтересиран за неа.
- Времето е најдобриот убиец.
- Љубовта на мајката кон своето дете не е како ништо друго на светот. Не познава закон. Се осмелува на сите работи и безмилосно го руши сето она што ѝ стои на нејзиниот пат.
- Вистината, колку и да е грда сама по себе, секогаш е љубопитна и убава за оние што трагаат по неа.
- Младите мислат дека старите луѓе се будали - но старите знаат дека младите се будали.
- Зборовите се само надворешната облека на идеите.
- Честопати се прашувам зошто целиот свет е толку склон кон генерализации. Генерализациите ретко се вистинити и се крајно неточни.
Извор:
Goal Cast
Фото:
Wikimedia Commons