X
 19.04.2015 Живот

Зошто е потребно да се заменат зимските гуми со летни?

Зимата заврши, а со неа остана дилемата - колку е опасно да се користат зимски гуми во текот на летни услови?

 

гума


Многу возачи одлучуваат да продолжат да ги користат зимските гуми во летни услови, најчесто затоа што сакаат да заштедат пари или пак поради незнаењето на продавачите на гуми кои гумите m+s ги продаваат како гуми за сите годишни времиња (што е огромна грешка). Но, колку е опасно да се користат зимски гуми во текот на летото?

Со ова решение нема да заштедите пари. Покрај тоа, со користењето на зимските гуми во текот на летото, ја влошувате функцијата на автомобилот, со што влијаете врз намалувањето на целокупното ниво на безбедност на автомобилот. Зимските гуми се значително помеки од летните. Кога температурите се високи, поради нивната мекост тие лесно се прегреваат и се деформираат.

Користењето на зимски гуми во текот на летото нема да ви заштедат пари затоа што зимските гуми ја зголемуваат потрошувачката на гориво. Нивниот дизајн нема поголем отпор за тркалање, а со тоа се зголемува и потрошувачката на гориво. Освен тоа, поголемиот отпор на тркалање предизвикува зголемување на температурата на гумите со што се зголемува веројатноста за некој дефект. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот