Древните цивилизации немале збор за сината боја. Тоа била последната боја која се појавила во многу јазици, меѓу кои грчки, кинески, јапонски и еврејски.
Во „Одисеја“, Хомер го опишува морето „како темно вино“. Според еден линвист, секоја култура започнува со зборовите за темно и светло, а потоа се опишува црвената боја, па жолтата и зелената, а на крај сината. Дали ова значи дека навистина не може да видите нешто доколку немате збор за тоа?
Ова можеби е вистина. Племето Химба во Намибија нема збор за сината боја. Во еден експертимент, психологот Џилс Давидоф го истражувал племето и заклучил дека без збор за одредена боја е потешко да се разликува таа боја од останатите.
Така, можеби луѓето ја гледале бојата, но не ја забележувале како различна до подоцна.