„Април 1961: На ова место (види фото) се сретнале двата дела од автопатот - таа од 1960 и оваа од 1961 година. Тоа е неколку километри од мостот во Грделица кој бригадите во 1960 го завршиле за рекордно време. За 8 месеци, 52.680 градители во 439 бригади ќе работат на 27 делови и ќе изградат 139 километри асфалтен, модерен пат и многубројни објекти од Грделица до Скопје.“
Така пишува „
Југопапир“ објавувајќи слики и текст за веста од 1961 година. Во 1958 година, Тито им се обратил на делегатите со зборовите: „И` давам задача на народната младина на Југославија да ја изгради магистралата Љубљана-Гевгелија!“
„Бригади. Илјада младинци. На работните акции за автопатот во 1958, 1959, 1960 година... и патот кој останал позади младинските работни бригади... Од Љубљана до Загреб. Од Парачин до Ниш. И Неготино на Вардар до Демир Капија. Од Ниш до Грделица. И Удово до Гевгелија. И спомени врзани за километри, земјата, лопатите, асфалтот... За логорските огни и населбите. Оние - кои останале во најтрајните спомени на градителите...“
Автопатот „Братство и единство“ била главната југословенска патна сообраќајница која поврзувала четири од шест републики и една покраина на поранешната СФРЈ. Тој започнувал од Јесеница преку Љубљана, Ново Место, Загреб, Славонски Брод, Сремска Митровица, Белград, Ниш, Скопје до Гевгелија. Автопатот бил долг 1.180 километри.