Доколку му веруваме на „Тик-ток“, американските мажи се опседнати со древниот Рим. На социјалната мрежа има многу видеа во кои мажи признаваат дека често мислат на Римската Империја. Од каде потекнува оваа фасцинација? Историчарот Том Холанд можеби го има одговорот.
Според него, причината е што Римската Империја била врвен предатор во старите времиња - моќна, застрашувачка и позната. Освен тоа, бидејќи таа постоела пред многу време, луѓето денес не се чувствуваат непријатно за нејзините негативни страни, во споредба со поновите примери.
- Римјаните, исто како и диносаурусите, не се само гламурозни, туку тие се изумрени - објаснува Холанд.
Тој додава дека Римјаните, повеќе од кои било други луѓе од минатото, се одреден изобличен одраз на самата Америка.
- Како што американските конзервативци денес се навраќаат на основачите на државата како покровители на добата на груба независност и доблест, така и тие се навраќаат со еднаква жар на раните години на Рим - објаснува Холанд.
Римјаните, како и Американците, првично имале крал, а потоа во се ослободиле од него. Кога Американците мислат на Рим, тие мислат на цивилизација која истовремено е чудна и позната, страшна и гламурозна, одамна изумрена и нивен одраз, заклучува Холанд.
Извор:
Indy100
Насловна фотографија: Pixabay