Знаеме како Биби ги раскажува своите сказни, но што ако Боби реши да си раскаже сказна на свој начин? Како Биби го замислува змејот, а како Боби? Дознајте в недела, 7 април, во 19 часот на јутјуб-каналот Биби/Bibi.
„Биби, Боби и змејот“ е шеста сказна од проектот „Светот на Биби“. За сценариото се погрижи Билјана Црвенковска, а арт-директор е Михајло Димитриевски-Тхе Мичо.
Улогите ги толкуваат Слаѓана Вујошевиќ и Сашко Коцев. Режисер е Гоце Цветановски. Биби и Боби ќе ги научат дечињата дека кога сме сложни во нешто, многу сме посилни.