X
 02.05.2016 Образование

Како да ја најдете вистинската професија за вас?

Не ја „наоѓате својата професија“, туку се борите за неа. Ова е само една лекција од луѓето кои ја пронашле својата страст (некои подоцна во животот). Основачот на „Story Corps“, Дејв Ајсеј смета дека наоѓањето на совршената професија не е пасивно, туку кога луѓето ја пронашле професијата донеле тешки одлуки и направиле жртви за да го работат тоа што треба.


Слушајќи многу интервјуа во компанијата во која работи, Ајсеј забележал дека луѓето честопати ја споделуваат својата приказна за откривањето на сопствената професија. Дел такви приказни ги собрал и ги објавува во книга „Callings: The purpose and passion of work“. За „Тед“ сподели и некои лекции од сите овие приказни.

Професијата е пресек на Венов дијаграм од три нешта: правење нешто во што сте добри, чувство на ценетост и верување дека вашата работа ги подобрува животите на луѓето. Кога овие работи ќе се спојат, тоа е како просветлување, смета Ајсеј. Тој не` советува да престанеме да ги слушаме останатите што треба да правиме, дури ниту општеството, туку треба само да отидеме во тивко место во нас кое ја знае вистината.


Вашата професија честопати доаѓа од тешки искуства. Секаде може да не` очекува искуство кое ќе ја дефинира нашата професија, а многу често ова искуство е тешко или болно.

- Искуството кое навистина ве потресува и ве потсетува на вашата смртност може да биде многу клучен настан во животите на луѓето. Честопати, тоа води до промени - вели тој.

Потоа, професијата може да бара и голема храброст. Ајсеј вели дека наоѓањето на вистинската професија честопати започнува со заземање став против статусот кво кон едноставно е неприфатлив, а потоа и посветување на работата за промена на тој статус.

Други луѓе може да ве поттикнат. Многу луѓе менуваат професии и работат разни работи во текот на животот, но никогаш не е доцна да се започне со вистинската работа. Честопати, други луѓе ве поттикнуваат да започнете да го работите она за што сте родени, смета Ајсеј.

Она што доаѓа по наоѓањето на вистинската професија е најважно. Ајсеј посочува дека професијата е процес. Разбирањето на вашата професија е многу поразлично од работењето. Професијата може да бара дополнително образование или започнување бизнис.

Возраста не е важна. Самиот Ајсеј ја пронашол својата вистинска професија кога имал 21 година, но собирањето приказни го потсетило дека тоа можело да се случи и подоцна и на било која возраст. Во неговата книга има приказна на некој кој сакал да биде судија од 15-годишна возраст и друг кој работел како книговодител 30 години пред да ја пронајде вистинската страст.

- Работењето тоа што сакате е едно од најдобрите и најневеројатни искуства кои човек може да ги има, затоа никогаш не се откажувајте - вели Ајсеј.

Вистинската професија честопати не доаѓа со голема плата. Еден тренд во приказните во книгата на Ајсеј е напуштањето високо платена работа за пониско платена која нуди повеќе задоволство.

- Пораката која им ја испраќаме на младите е дека треба да работите што помалку за да заработите колку што можете, тоа е сонот - вели Ајсеј.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование