Андреј Курпатов, психотерапевт, писател и колумнист со голем број публикации, постави златни правила на својот живот. Веројатно секој од нас би се пронашол во повеќето, па да ги
прочитаме:
1. Никогаш не префрлајте ја одговорноста за тоа што ви се случува во животот врз други луѓе!
„Разбирам дека постои константно искушение да обвините друг зашто така ви изгледа најлесно и на тој начин се оправдувате себеси.
Но моќта ќе ја најдете тогаш кога целосно ќе прифатите дека сте автори на сите свои неуспеси и креатор на сите успеси.“
2. Прифатете го фактот дека не можете да го промените минатото – тоа е завршено.
„Можеме да влијаеме само врз иднината, а таа зависи од тоа што го правиме сега.
Не очекувајте дека вашето идно ’јас‘ ќе биде попустливо: Мора да работите најдобро што можете за иднината да ви се насмевне.“
3. Отфрлете ја илузијата дека можете да ги промените другите.
„Потсвесно, сите ја имаме таа наивна илузија дека можеме некого да промениме. Како резултат на тоа страдаме бидејќи не можеме својата намера да ја спроведеме на дело.
Само околностите можат да ги променат луѓето – сè друго е само перцепција на измама.
Допуштете им на другите да бидат различни, да бидат тоа што се. Во одреден момент, можеби ќе почнете и да уживате во нив.“
4. На луѓето сме им потребни силни!
„Никому не сте му потребни кога сте слаби, уморни, кога страдате или сте несреќни. Ако луѓето се преправаат дека ве сакаат кога сте слаби – само ве лажат.
Не потклекнувајте на такви лаги. Едноставно, согласете се со фактот на ова правило, воздивнете, обидете се да се расположите...“
5. Сите наши постапки имаат последици.
„Всушност, ние секогаш избираме – не што ќе направиме, туку што ќе излезе како резултат на нашите постапки. Затоа, секогаш размислувајте за последиците.
На тој начин ќе ви се случуваат помалку глупави нешта во животот.“
6. Правете го она што навистина ви е важно.
„Ако се прашувате што е смислата на животот, најверојатно сте малку депресивни. Она што е најважно не е ’смислата на животот‘, туку чувството дека смислено го живеете својот живот. Правете го она што сметате дека ви е најважно вам.
Не заборавајте да се потсетите на тоа одвреме-навреме. Немојте слепо да го следите успехот, само затоа што мнозинството околу вас го прави тоа.
Ако едноставно го правите тоа што чувствувате дека е важно, успехот сигурно нема да ве одмине.“
7. Немојте да трошите време и енергија на оние на кои не им е гајле за вас или на оние што не ве сакаат.
„На овој свет постојат многу луѓе на кои им се допаѓате и со кои животот би ви бил многу радосен. Само немојте да бидете затворена и подозрива личност.
Верувајте ми – отвореноста и добрината ќе ви помогнат да ги добиете сите благодати.“