X
 12.06.2019 Живот

Луксузно одморалиште на Малдивите бара личност што ќе се грижи за желките

Доколку сакате да поминете време на Малдивите, грижејќи се за желки, тогаш оваа можност не смеете да ја пропуштите. Единствено што вашето време во рајот ќе трае само две недели и е неплатено.

И покрај тоа што е кратко и неплатено, станува збор за одлична можност за љубителите на желки и плажа. Можноста ја нуди луксузното одморалиште „Коко Палм Дуни Колху“, кој е и дом на спасувачкиот центар за желки, „Олив Ридли“.

Тие бараат некој што ќе може да ги извршува следните дневни задачи:

maldivi

- Хранење на желките - Чистење на базените - Надгледување операции и медицински процедури - Учество во мисии за спасување на желките - Асистенција во пуштањето на рехабилитираните желки назад во океанот - Интеракција со гостите кои го посетуваат центарот и обезбедување информации за желките што престојуваат во центарот - Присуство за време на вечерните презентации - Постирање на платформите на социјалните медиуми на „Олив Ридли“ и прикажување на изгледот на спасувачкиот центар „зад сцената“.

Кандидатот ќе биде сместен во прекрасна вила за гости и ќе има целосни бенефиции во ресторанот „Коври“. Платен е летот и ќе има дополнителни придобивки како што е патување во Ба Атол, така што, недостатокот на плата може да не е воопшто проблем.

Уште подобро е тоа што на кандидатите не им е потребно претходно искуство.

И додека идејата за дружба со желките на Малдивите звучи привлечно за повеќето луѓе, ова практикантство би донело најмногу придобивки за некој што сака да стане ветеринар, особено поради шансата кандидатот да работи покрај д-р Клер Петрос, еден од водечките британски ветеринарни хирурзи и водечкиот ветеринар на проектот „Олив Ридли“.

Практикантството е отворено за полнолетни лица од било која земја, а кандидатот треба да почне во август. Доколку сте заинтересирани, повеќе информации за аплицирањето можете да најдете ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот