Оние што бараат работа треба да се обидат во Бостон. Градот беше именуван за најдобрата област за пронаоѓање работа од „Мовинга“, германска компанија за релокација. Компанијата ги искористила достапните податоци за да ги анализира пазарите на трудот на градовите во пет области: економска сила, стандард на живеење, можности за младите, можности за жените и имигрантите како работна сила.
Бостон го победи Минхен. Иако Минхен има посилни економски поени од Бостон, има понизок стандард за живеење.
- Она што е интересно за бостонската економија е разновидноста во индустриите - вели Џејмс Руни, претседател и извршен директор на Стопанската комора на Бостон.
Фото: Lane Turner, The Boston Globe
Руни вели дека индустриите како финансиските услуги, медицината и животните науки и технологијата продолжуваат да растат во последниве години. Исто така, Бостон е епицентар за високото образование и дом на неколку големи универзитети.
Бостон успеа да се искачи на првото место затоа што имаше високи оцени за животниот стандард и можностите за младите и жените. Овој јули државата Масачусетс донесе акт за еднакви плати насочен кон јазот меѓу половите, а Бостон се концентрира на обезбедување на родовата еднаквост во својата работна сила.
Руни истакна дека Бостон има долга историја во покажувањето топло добредојде на имигрантите, а неодамнешната имиграција во оваа област е силен талент и поттик за бостонските индустрии.
Истражувањето рангира 100 града во земјите од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), како и неколку клучни земји што доживуваат бум во работните можности.
Осло, Норвешка, се најде на осмото место и претставува најдоброто место каде што жените можат да најдат работа, иако родовиот јаз во платите е најнизок во Љубљана, Словенија, која се рангира на 54. место. Хонг Конг има најголем раст на бруто-домашниот производ, но и највисок трошок на живеење и се најде на 72. место.
Ова се топ 10.
градови за пронаоѓање работа, според
извештајот:
1. Бостон, САД
2. Минхен, Германија
3. Калгари, Канада
4. Хамбург, Германија
5. Штутгарт, Германија
6. Лондон, Велика Британија
7. Сингапур, Сингапур
8. Осло, Норвешка
9. Франкфурт, Германија
10. Единбург, Велика Британија