X
 02.06.2019 Образование

Климатските промени ќе бидат суштински дел во наставната програма во Британија

Лабуристичката партија вели дека ќе ги направи климатските промени суштински дел од наставната програма во основно и во средно образование.

Сите млади луѓе ќе се едуцираат за еколошкото и социјалното влијание на климатските промени во рамките на лабуристичката влада, вели Ангела Рајнер, секретарката за образование во сенка.

Најавата доаѓа како што учениците се подготвуваат за уште еден штрајк, со кој бараат итна акција за глобалното затоплување.

Според плановите на партијата, наставниот план би се фокусирал и на вештините и знаењата со кои младите луѓе треба да се справат во светот што се менува, особено во областите на обновливите извори на енергија и професии во зелената технологија.

promeni
Фото: Getty Images

Проблемите со климатските промени се опфатени и по предметите наука и географија до 16 години, но учениците велат дека сакаат повеќе. Владата изјави дека климатските промени веќе се во наставната програма во основно образование.

Учениците во Оксфорд покренаа петиција што повикува на повеќе лекции во наставната програма поврзани со климатските промени. Петицијата е потпишана од повеќе од 72.000 луѓе. Освен тоа, илјадници ученици учествуваа во месечните штрајкови во петоците уште од февруари, како дел од глобалната кампања за акција инспирирана од 16-годишната активистка Грета Тунберг.

- Денес, младите луѓе излегуваат на улица да испратат јасна порака до владата, дека климатските промени ќе бидат фундаментална и дефинитивна карактеристика на нивниот живот како возрасни, а ние мора да преземеме акција за да се справиме со нив. Треба да ги опремиме луѓето со знаење за да ги сфатат огромните промени со кои се соочуваме, како и вештини за работа со новата зелена технологија. Климатските промени треба да бидат суштински дел од училишната наставна програма - рече Рајнер.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование