X
 13.03.2017 Образование

Како да си ја вратите креативноста?

Многу луѓе сакаат да бидат покративни, но веруваат дека таа е талент кој не може да се научи. За да ја открие вистината, тим научници направил експерименти и резултатите биле неверојатни, но и охрабрувачки.

Во 1968 Џорџ Ленд тестирал 1.600 деца на различни возрасти со тест за креативност кој бил оригинално дизајниран за НАСА да регрутира иновативни научници. Од петгодишниците 98% го поминале тестот, од десетгодишниците 30%, а од петнаесетгодишниците само 12%. Очигледно е како што децата се постари така резултатите биле полоши.

Како се „заборава“ креативноста?

Штом се започне со образование мозокот е окупиран со бројки и вокабулар, а тие не ја поттикнуваат креативноста. Со постоечкиот образовен систем децата учат да ги исполнуваат очекувањата на наставниците, да ги поминат тестовите и да ги потиснат нивните идеи. Образовниот систем е таков креиран во Индустриската револуција за да ги држи луѓето обединети. Тој можеби функционира за работниците во фабрика, но не за сите генерално.

Како да си ја вратите креативноста?

За подобрување на креативноста постојат вежби кои се прават дневно. Во вежбата со два збора а да се направи приказна со комбинирање на релевантни идеи како „мие“, „заби“ и „свети“, а потоа да се креира приказна со креирање на ирелевантни идеи како „крава“, „патент“ и „ѕвезда“. Изнендувачки, ирелевантните приказни се многу покреативни од релевантните.

Вежба:

•    Мачка
•    Човек

Првин мислете на нивната врска, а потоа на средината. Каде се, дали се на исто место или не? Додадете детали, на пример:

„Откако почина неговата сопруга, мачката му стана единствен придружник. Секоја вечер се сеќаваше на времето што го минал со неа.“

Започнете со прашања:

•    Како изгледаат?
•    Која е нивната интеракција?
•    Дали постојат емоции?
•    Кога прв пат се запознале што си кажале еден со друг?
•    На кое место се запознале?
•    Каков е мирисот, звукот и температурата на местото?

Штом ќе го креирате сценариото предизвикајте се себе си за повеќе. Не размислувајте дека вашата приказна е луда. Само напишете што ви доаѓа на ум.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование