Речиси секој дел од туристичката индустрија низ светот е погоден од корона-кризата. Многу авионски агенции ги укинаа речиси сите летови, а некои агенции банкротираа. Хотелите се затвораат, а агенциите за крстосувања се во криза. Сепак, има еден сектор од индустријата што не е во криза. Напротив, тој забележува пораст по појавата на коронавирусот. Тоа е бизнисот за изнајмување возила за кампување.
Фото: Pixabay
Според компанијата „РВ шер“, изнајмувањето возила за кампување се зголемило за 650% од април. „Круз Америка“, американска компанија која изнајмува возила за кампување, има десеткратко зголемување на нарачките. Дури и малите бизниси што изнајмуваат вакви возила имаат зголемена побарувачка, а забележан е и пораст на продажбата на ваквите возила.
Една анкета од „Кемпграундс оф Америка“ покажала дека една третина од испитаниците што никогаш претходно не кампувале покажуваат интерес да кампуваат
оваа година, а 29% од нив размислуваат да користат возило за кампување првпат.
Фото: Pixabay
Возилата за кампување би можеле да бидат добар начин за патување бидејќи со нив може да се посетат многу места и се намалува ризикот за заразување со коронавирусот.
Извор:
yourmileagemayvary.net