X
 25.11.2016 Култура

Големо откритие во Египет, старо седум илјади години


Откриен стар град во Египет

На 400 метри од храмот Сети, во близина на денешен Луксор во Египет, откриени се град и гробишта постари од седум илјади години, од времето на Првите династии, соопштило вчера министерството за антиквитети на Египет.

Според досегашните податоци, во градот најверојатно живееле високо рангирани службеници и градители на гробови. Археолозите пронашле колиби, остатоци од грнчарии и железни алати, но и 15 големи гробови.

Ова откритие носи и нови сознанија за Абидос, еден од најстарите градови во древен Египет. Со оглед на тоа што тамошните гробови се поголеми од тие каде што се закопани кралевите во Абидос од времето на Првите династии, ја докажуваат важноста и високиот социјален статус на луѓето што се закопани во нив.
Во Египет очекуваат откритието да ги врати туристите во оваа држава, со оглед на фактот што нивниот број постојано се намалува. Во 2010 година, Египет го посетиле 15 милиони луѓе, додека во првата четвртина од оваа година, дошле околу 1,2 милиони туристи.  
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура