Во Нова Гвинеја е откриен потенцијално нов вид жаба, која наместо светлозелена кожа, има кафеаво-чоколадна.
Жабата била пронајдена на неочекувана локација.
- Она што е изненадувачко во врска со ова откритие е тоа што добро познатата и честа зелена жаба во Австралија има роднина кој долго време бил занемарен, а се наоѓа во низинските дождовни шуми на Нова Гвинеја - вели еден од истражувачите, Пол Оливер, кој е филогенетичар на Универзитетот „Грифит“.
- Поради ова, новата жаба ја нарековме Litoria mira, бидејќи зборот mira на латински значи изненаден или чуден - додава тој.
Истражувањето, објавено во „Аустралијан журнал оф зоолоџи“, всушност пошироко го разгледувало родот „Litoria“ во Австралија и Нова Гвинеја.
Сега во светот на жабите постои конфузија околу тоа дали обичната зелена жаба во Австралија воопшто е дел од видот „Litoria“. Истражувачите во 2016 година ја поделиле „Litoria“ на неколку одделни родови, откривајќи дека обичната жаба треба да биде под „Ranoidea“.
Сепак, не се согласуваат сите научници со тоа, повикувајќи се на податоците што недостигаат во генетската анализа што довела до овој заклучок, а истражувачите на ова ново истражување продолжуваат да ги нарекуваат „Litoria“ видовите што ги истражувале наместо „Ranoidea“.
Тимот го истражувал живеалиштето на обичната австралиска жаба („Litoria caerulea“) барајќи ја низ северниот дел на Австралија и Нова Гвинеја. На нивната најблиска точка, двете копнени маси се оддалечени само 150 километри и некогаш биле поврзани со копнен мост кога планетата била поладна, а нивото на морето пониско.
Фото: Steve Richards
Ова значи дека во минатото имало значително мешање меѓу видовите во двата региони, а некои, вклучувајќи ја и обичната зелена жаба, живеат и во Австралија и во Нова Гвинеја. Како резултат на тоа, опсегот на жабите се шири низ различни клими: во Нова Гвинеја се наоѓаат во прашуми, а во Северна Австралија се наоѓаат во саваните.
- Нашето истражување е прво што презентира филогенски и филогеографски податоци за номинален таксон за жаби што се случуваат низ овие два региони. И тоа обезбедува докази и за утврдени и за нови биогеографски хипотези и за признавање на претходно неопишан вид - пишува тимот.
Тимот собрал жаби, ги снимал нивните повици и ги анализирал примероците. Постојат некои јужни области на Нова Гвинеја кои личат на савана, како местото каде што бил најден најголемиот дел од традиционалната „Litoria caerulea“. Сепак, подалеку на север, во мочурливите области, тимот открил дека „Litoria caerulea“ воопшто не била caerlutea.
„Litoria mira“ се разликува од сите други видови „Litoria“ по уникатната комбинација на умерената големина и кафеавата боја, без бели и жолти дамки.
Истражувачите сметаат дека овој новоиденфитикуван водоземец може да е многу пораспространет низ Нова Гвинеја.
- Бидејќи жабите живеат во жешки, мочурливи области со многу крокодили, сите овие работи го обесхрабруваат истражувањето - вели Стив Ричардс од Јужноавстралискиот музеј.
Извор:
Sciencealert.com
Фото: Steve Richards/Sciencealert