Специјалното истражувачко возило на НАСА, „Кјуриосити“, во камењата на Марс пронајде докази што сугерираат дека можеби постоел живот на оваа планета. „Кјуриосити“ пронајде „цврсти“ органски молекули во три милијарди години стара кал. Исто така, НАСА објави дека во атмосферата на Марс пронашла нови доказни материјали што се во процес на потрага по живи суштества кои можеби ја населиле планетата. „Кјуриосити“ забележал дека постојат сезонски варијации во нивоата на метан во атмосферата.
Иако тоа не е нужно доказ за живот, овие откритија сигурно ќе поттикнат ново истражување на површината на Марс и на внатрешноста.
Пронајдените органски молекули содржат јаглерод и водород, а исто така може да содржат и кислород, азот и други елементи. Органските молекули обично се поврзуваат со живот, но исто така може да создадат небиолошки процеси и не можат да се сметаат за неоспорни индикатори на присуство на живот.
- Марс ни вели дека треба да продолжиме да бараме докази за живот - изјави Томас Зурбучен, помошник-директор на Дирекцијата за научна мисија во седиштето на НАСА.
- Без разлика дали сведочат за постоење на живот или можеби биле храна за живот или постоеле во отсуство на живот, органската материја во материјалите од Марс содржи индикации за планетарни услови и процеси - вели Џен Еигенборд, член на Центарот за вселенски летови на НАСА.
И покрај тоа што на Марс денес условите се непогодни за живот, тоа не значи дека на оваа планета нема живот, а постојат и докази дека климата во далечното минато овозможила собирање на течна вода на површината.
Податоците од „Кјуриосити“ откриваат дека пред милијарда години воденото езеро во внатрешноста на кратерот Гејл ги содржело сите состојки неопходни за живот.
Во друг труд се опишани сезонските варијации во нивоата на метан во атмосферата на Марс, во периодот од три марсовски години, што се приближно шест години на Земјата. Оваа варијација била откриена со помош на алатката за анализа на примероците на „Кјуриосити“. Постои можност хемиската интеракција на водата и камењата да создала метан, но научниците не можат да ја исклучат можноста за органско потекло. Метанот претходно бил на Марс во неговата атмосфера, во големи непредвидливи тела на нестабилна форма. Новите податоци укажуваат на тоа дека ниските нивоа на метан во внатрешноста на кратерот го достигнуваат својот врв во топли лета и опаѓаат во студена зима.
- Ова е првпат да видиме нешто што се повторува во приказната за метанот и тоа ни дава подобра шанса да сфатиме. Ова ни го овозможи долговечноста на „Кјуриосити“ - изјави водечкиот автор Крис Вебстер, дел од Лабораторијата за млазен погон на
НАСА.