X
 01.12.2017 Наука

Постои ли зависност од интернет?

Колку често користите интернет? Сигурно постојано, односно најголем дел од денот поминувате на интернет. Психолозите велат дека сето тоа доведува до нездраво однесување кое го вбројуваат во нарушувањето наречено интернет-зависност.

Па дали постои такво нешто како зависност од интернет? Официјално, не. Медицинските професионалци дебатираат на оваа тема уште од средината на 90-тите години за да утврдат дали оваа зависност спаѓа во семејството на ментални нарушувања.

Се смета дека за некои луѓе играњето игри онлајн предизвикува промени во мозокот на ист начин како и кај зависниците од дрога. Сепак, нема доволно сознанија за да може зависноста од интернет да се вброи во нарушување.

Постојат силни аргументи и на двете страни. Според експертите, постојат три дистинктивни типа зависност од интернет: прекумерна игра, сексуална преокупација и испраќање пораки. Сите три можат да споделуваат четири круцијални сличности со зависниците од дрога: прекумерно користење, повлекување, толеранција и негативни реперкусии. Започнува со прекумерно користење, потоа се движи кон чувство на иритација ако не сте во близина на тастатурата, потоа се потребни подобра технологија и пристап, а на крајот сето тоа доведува до социјална изолација.

Експертите исто така велат дека речиси сите тие луѓе што може да бидат класифицирани како зависници од интернет обично страдаат од барем едно ментално нарушување (депресија, анксиозност). Германска студија го покажала токму тоа, од 30 испитаници - зависници од интернет, 27 имале дијагностицирано анксиозно нарушување.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука