Идејата дека лицата што се во брак се соочуваат со помалку стрес може да изгледа лажна. Но, за среќа, постои опција на која можеме да ѝ веруваме. Според науката, бракот може да го намали нивото на кортизол. Така што, доколку немате најдено начин како да се ослободите од стресот, бракот е опција за која можете да размислите.
Некои од оние што имаат прстен на десната рака можеби се сеќаваат на расправиите и тешкотиите што ги имале и што ги поминувале со партнерите. А ако се обидувате да размислите за тоа колку ви претстојат, вашето ниво на стрес може да се зголеми веднаш. Токму затоа може да се чини чудно тврдењето дека животот по свадбата е помалку стресен.
Но, едно истражување вели дека е полесно да се справите со што било ако не сте сами. Истражувачи откриле дека помеѓу омажените/оженетите, слободните и разведените или вдовците, првата група е подобро заштитена од стрес. За да ја тестираат оваа идеја, истражувачите собрале плунка од 572 лица на возраст од 21 до 55 години. Тие откриле дека луѓето во брак имале најниско ниво на кортизол, познат како хормон за стрес. Ова може да значи дека и покрај шегите што луѓето ги прават на нивна сметка за тоа колку е тежок нивниот живот, тие всушност се справуваат со помалку стрес во споредба со слободните луѓе.
Истражувачите забележуваат дека највисоко ниво на кортизол имале оние луѓе што биле во брак, а морале да се справат со развод или смрт на нивниот партнер.
Нивото на кортизол се менувало во текот на денот. Типично, достигнувало највисока точка кога се буделе и се намалувал во текот на денот. Истражувањето исто така ги споредило ритмите на кортизол кај учесниците и открило дека луѓето во брак покажале побрзо намалување во споредба со другите групи.
Несомнено е дека стресот не носи ништо добро. Некои истражувачи го поврзуваат високото ниво на кортизол и нееднаквите ритми на кортизол со срцеви заболувања, па дури и рак. Така што, добро е да се знае дека бракот може да биде од помош кога станува збор за овој проблем.
Но, важно е да се има на ум дека ова решение не е лек за сите ситуации. Нема цел во стапувањето во
брак со првата личност што ќе ја сретнете или при обидот да се спасат врските што немаат иднина за човек да има помалку стрес. Овие обиди би направиле поголема штета отколку придобивка.