X
 02.07.2017 Живот

Факти за најголемите торнада

Соединетите Американски држави се местото на кое се појавуваат најголемиот број на торнада. Повеќето од нив се мали и траат само неколку минути, но мал процент од нив знаат да бидат навистина големи и да траат со часови, па да предизвикаат огромни штети. Торнадата спаѓаат во едни од најопасните метеоролошки појави.

1. Големите торнада се проследени со силни грмежи и молњи

За да се создаде големо торнадо потребно е и да има појава на грмежи и молњи. Со тоа торнадото ја добива својата сила. Торнадото може да има и мал обем, но често се протега во дијаметар од една милја и повеќе.

2. Моќта на повлечување

Местото каде што се среќаваат ветровите и невремето и го креираат торнадото е видливо. Научниците уште го испитуваат и анализираат, а го нарекуваат „hook echo“. Кога е добро дефинирано, експертите велат дека обично тоа е лош знак кој најавува огромни штети.

3. Торнадата можат да остануваат на земја долго време

Големите торнада обично се движат по долги патеки. Многу од нив можат да останат на земја на големо растојание, односно да поминат дури неколку држави. За жал, во таков случај многу веројатно е торнадото да погоди населени места.

4. Големината на торнадото може да излаже

Не треба да се суди на торнадото според неговата големина. Некогаш и малите торнада можат да предизвикаат огромни штети, додека пак големи торнада да завршат за кратко време и да не остават последици. Исто така, торнадото може да изгледа поголема ако поминува низ место каде што има многу прашина или ровка почва па навидум да изгледа како голем ротирачки облак.

5. Некои големи торнада се составени од повеќе помали

Тоа најчесто се согледува кога на пример, се уништува една куќа, а соседната до неа останува недопрена. Некои од најголемите штети се припишуваат на вакви случаи кога повеќе мали торнада циркулираат околу едно големо.

6. Центарот на торнадото може да биде релативно мирен

Обично средината на торнадото е најмирното место. Многу е тешко да се сними и да се види што всушност се случува внатре, но најверојатно јачината на ветрот е драстично помала, иако се разбира дека содржи летечки предмети, прашина и слично.

7. Огромните торнада можат да направат ужасни нешта

Уништување на целосни структури, комплетно демолирање, уништени патишта, делови од земја. Последиците можат да бидат неверојатно лоши.

8. Оклахома е рекордер по појава на торнада

Најсилните и најголемите торнада се случиле токму во оваа Американска држава. Исто така државата е рекордер и по бројност на торнада. Ја нарекуваат „Tornado Alley“.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот