Пишува: Kirk Carapezza
Нема начин како да се избегне: Како што растат трошоците за школување, едно истражување покажува дека расте и бројот на гладни и студенти без дом на универзитетите во САД.
Сепак, многумина
велат дека проблемот е невидлив во јавноста.
„Тој е невидлив дури и за мене, а јас гледам,“ вели Вик Слоан. Тој се запишал на
Bunker Hill Community College во Бостон пред една деценија да биде професор по Англиски јазик со полно работно време. Тој вели дека се чувствувало дека за брзо време станал социјален работник со пола работно време.
„Кога прв пат дојдов тука, ми беше кажано дека не треба да пропуштаме шанса да им дадеме на студентите храна,“ вели тој. „Јас мислев дека во тоа време тие мислат на чипс или колачи. Тоа се протеини за кои тие се луди.“
Една ученичка во прва година решила да се запише на колеџот, а престојувала во засолниште во Бостон. За да добие посигурно живеалиште се ставила на листа за чекање за кревет во домот за млади и конечно го добила по 6 месеци.
Низ целата земја постојат многу млади како неа. Еден тим истражувачи испрашал повеќе од 4000 додипломци и 20% од нив изјавиле дека се гладни, а 13 без дом.
Сара Голдрик-Раб, социолог и лидер на тимот истражувачи вели дека тие мора да работат додека се на училиште за да ги задоволат основните потреби. Таа вели дека државната и федералната влада треба да работат заедно за да им помогнат на студентите да имаат основни услови за живот.