X
 05.09.2020 Живот

„Фејсбук“ ќе им плати на илјадници корисници привремено да ги деактивираат профилите

Доколку „Фејсбук“ ви понуди пари за привремено да го исклучите профилот, дали би прифатиле?

Очигледно, социјалната мрежа планира да им го понуди ова на некои корисници на „Фејсбук“ и „Инстаграм“ во САД, а тоа ќе биде за истражувачки цели. Од компанијата велат дека ќе спроведат истражување за да откријат какво влијание ќе имаат социјалните мрежи врз корисниците за време на претстојните претседателски избори во земјата.


Фото: Freepik

„Фејсбук“ соработува со 17 независни истражувачи за да го спроведе истражувањето, а во него ќе бидат вклучени 400.000 американски граѓани што ќе се согласат да учествуваат. Ќе се анализираат промените во искуствата на корисниците со социјалните мрежи, а од нив ќе се бара и да престанат да ги користат мрежите на одреден период.

Медиумите пренесуваат дека некои корисници веќе добиле прашање од компанијата за сумата што би ја прифатиле за да го деактивираат профилот од една до шест недели, почнувајќи од овој месец. Биле понудени три опции: 10 долари неделно, 20 долари неделно и 30 долари неделно.


Фото: Freepik

Од „Фејсбук“ подоцна потврдиле дека секој корисник што ќе учествува во истражувањето ќе добие надомест. Резултатите од истражувањето се очекуваат во средината на 2021.

Многумина ја критикуваа социјалната мрежа „Фејсбук“ по претседателските избори во САД што се одржаа во 2016. Истражувањата покажаа дека околу 126 милиони Американци виделе политички реклами платени од руски организации што имале цел да влијаат врз гласачите.

Автор: Тревор Мог
Извор: digitaltrends.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот