X
 01.04.2016 Технологија

Апликација која може да ви го спаси животот


Авионските несреќи се многу ретки, статистички гледано. Просечен човек би требало да лета еднаш дневно во период од 55.000 години пред да биде вклучен во фатална авионска несреќа, покажува статистика направена на Масачусетскиот технолошки институт. Но, не губите ништо доколку знаете нешто повеќе за несреќите и начините на кои може да се заштитите.

„Prepare for impact“ е нова мобилна апликација во која може да се дознае повеќе за авионските несреќи. Имено, со оваа апликација може да научите што да правите кога нешто ќе тргне наопаку и како да си ги зголемите шансите за преживување.

Во апликацијата се понудени повеќе страшни сценарија, од мали инциденти како грешки на пистата до екстремни случаи како несреќа со експлозија во вода. Во апликацијата има и упатства за дејствување во случај на декомпресија за време на летањето, нефункционални излези и помали пожари.

Апликацијата била дизајнирана од истражувачи и инженери од универзитет во Италија.

Апликацијата е достапна за уредите на „Android“ и „iOs“.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија