X
 02.07.2019 Живот

Мексико прекриено со мраз од 1,5 метар среде лето

Шест предградија во мексиканскиот град Гвадалахара се прекриени со дебел слој мраз откако градот беше погоден од силна бура со град. Дебелината на мразот изнесува 1,5 метар, а некои автомобили беа затрупани до половина.

1
Фото: ВВС

Цивилната одбрана распоредила машини за чистење на улиците на градот во кој живеат околу 5 милиони жители. Локалните власти известуваат за поплави и паднати дрвја, меѓутоа, досега немало ниту едно повредено лице.

3
Фото: ВВС


Градот ова лето има температури повисоки од 30 степени. Иако и претходно се соочувал со бури со град, ваков вид бура досега не била видена.

4
Фото: ВВС

Властите велат дека се оштетени околу 200 куќи и десетици возила.

5
Фото: ВВС

- И потоа се прашуваме дали климатските промени се реални. Ова се природни феномени што никогаш претходно не биле видени - изјави државниот гувернер Енрике Алфаро.

6
Фото: ВВС
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот