Вода со мраз и лимон; врвно освежување. Меѓутоа, добро би било да ја преиспитате оваа идеја. Иако можеби ќе ви ја угаси жедта, оваа комбинација може да ве разболи.
Лимоните што ги добивате во рестораните, во вашата вода, ладен чај или друг пијалак содржат потенцијално патогени микроорганизми.
Истражувачите откриле дека 70 отсто од лимоните во рестораните произведуваат микробен раст. „Иако лимоните имаат антимикробни својства, резултатите од нашето истражување покажуваат дека широк спектар на микроорганизми може да преживее на телото и кората од исечен лимон“, пишуваат авторите во истражувањето.
Истражувачите шпекулираат дека контаминацијата може да дојде и од вработен во ресторанот или од живо месо или живина, меѓу другите извори. Истото важи и за самиот сок од лимон. И во цедалките за лимон може да се најдат бактерии, а истите бактерии може да се најдат и на штиците за сечење.
„Иако не станува збор за нешто посериозно, сепак, можете да се соочите со инфекција“, вели д-р Филип Терно, клинички професор по микробиологија и патологија во медицинскиот центар во Њу Јан Ленон. „Но не можете да живеете во стаклено ѕвоно. Вашиот имунолошки систем обично функционира добро“, додава тој.
Истото важи и за мразот.
Едно истражување открива дека кога рацете на човек се заразени со ешерихија коли, бактериите се пренесувани на мразот 100 отсто од времето. Ако мислите дека лажицата ќе го реши проблемот, се лажете. Дури 83 отсто од бактериите биле пренесени од лажиците.