Повеќе микроскопски суштества замрзнале во Сибир пред околу 24.000 години, а сега се одмрзнуваат и се будат. Научниците ги одмрзнале животните наречени бделоид ротифери по долгата хибернација и сега тие се размножуваат.
Во природата, некои организми може да преживеат во процес во кој престануваат да функционираат сите витални функции без да настапи смрт, слично како во хибернација, стотици или илјадници години.
Неодамна биле одмрзнати корења од мов на Антарктикот што биле замрзнати околу 400 години. Во други истражувања биле одмрзнувани растенија што биле замрзнати 32.000 години, како и вид црви што живееле пред 30.000 години.
Ротиферите се едни од најситните многуклеточни животни што се наоѓаат во водите низ светот. Ротиферите од видот бделоид, кои биле одмрзнати, се познати по способноста за криптобиоза, состојба во која виталните функции се речиси неактивни, во неочекувани настани како при суша или мрзнење. Според научниците, ова се едни од најиздржливите животни на планетата.
Во истражувањето биле одмрзнати десетици примероци од родот адинета, чии потомци живеат и денес. По одмрзнувањето, повеќе примероци почнале да се размножуваат во процес наречен партеногенеза. Се родиле нови генерации ротифери од родители стари 24.000 години.
Извор:
Interesting Engineering