На НАСА ѝ е потребна вашата помош за да пронајде начин како да растат градини и култури во вселената.
За таа цел, натпреварот наречен „Растење надвор од Земјата“ е отворен за поднесување апликации. Вие треба да откриете дизајн за „3Д-растечки простор“ што ќе одговара во коцка од 50 сантиметри и ќе може да им помогне на астронаутите во снабдувањето со свежо овошје и зеленчук во текот на идните мисии во вселената.
НАСА, заедно со партнерската организација „Тропската ботаничка градина“ во Ферчајлд, го поделила натпреварот во три категории: средно училиште, факултет и професионален.
Организаторите на натпреварот ќе изберат победник од секоја категорија по завршувањето на рокот, 14 февруари 2020 година. Дотогаш секоја победничка група ќе има изградено прототип од вселенска градина за финалниот натпревар.
Многу растенија веќе се одгледуваат во вселената, вклучувајќи и култури како што е марулата.
Но, сигурното и ефикасно следење на растењето на културите во вселената, каде што растенијата не се врзани со гравитацијата, туку ќе се протегаат кон надворешниот извор на светлина, останува предизвик отворен за нови решенија.
Повеќе информации за натпреварот можете да најдете
ТУКА.