X
 29.12.2021 Наука

НАСА најмила теолози за да разбере како би реагирал светот на вонземјани

Американската вселенска агенција НАСА сака да знае како би реагирале припадниците од религиите низ светот доколку се најде доказ за живот надвор од Земјата. Затоа, агенцијата финансирала програма во чии рамки најмила 24 теолози.

Теолозите учествувале во едногодишна програма во 2016 година. Тие имале задача да размислат како би реагирале религиите на откривањето вонземен живот.

Според заклучоците од програмата, припадниците на повеќе религии добро би ја прифатиле веста, се открива во книга за програмата наречена „Астробиологија и христијанска доктрина“ (англ. Astrobiology and Christian doctrine).

Припадниците на христијанството, јудаизмот и исламот би реагирале добро доколку се открие вонземен живот, според теолози од овие религии.

Извор: Futurism
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука