X
 05.10.2020 Образование

Студентите од Правниот факултет при УКЛО го освоија третото место на натпревар за симулации на процеси пред Европскиот суд за човекови права

Од 25.09.2020 до 27.09.2020 година студентите од клубот Титус Флавиус Орестес од Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола учествуваа на третиот по ред „Pre Moot Court“ натпревар за симулации на процеси пред Европскиот суд за човекови права, кој се одржуваше во Ниш, во организација на тамошниот Правен факултет. Оваа година поради пандемијата на новиот коронавирус, нашите студенти учествуваа онлајн, но тоа не ги спречи во покажувањето на своето знаење и желбата за успех.

2

Во натпреварите по групи постигнаа две победи, односно:

1. Титус апликант - Петар Кочиќ респондент 26-19
2. Онора апликант - Титус респондент 20-25

Додека по полуфиналните мечеви, каде што загубија од тимот кој подоцна беше прв на натпреварот, во натпреварите за третото место освоија две убедливи победи:

1. Титус апликант – Петар Кочиќ респондент 44-31
2. Петар Кочиќ апликант – Титус респондент 30-45

3

Потоа го освоија третото место во генералниот пласман, а за најдобар говорник на еден од натпреварите беше прогласена Наталија Атанасовска.
Тимот оваа година го сочинуваат Ангела Бошевска, Илчо Богески и Недим Зекмановски во тимот на апликантот, односно Радмила Јовановска, Наталија Атанасовска и Викторија Митевска во тимот на респондентот.

Студентите работат под менторство на вон. проф. д-р Ангелина Станојоска и вон. проф. д-р Мирјана Ристовска.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование