Приказната за овој човек веројатно би останала нераскажана доколку Кевин Кејт, сопственик на компанијата „Кејтком“, не одлучил да ја сподели со светот.
Кејт забележал постар човек во ресторан како спојува банкноти со рачно изработени белешки. Заинтригиран, го прашал човекот што прави, а тој му одговорил дека им дава банкноти од 1 долар и 5 долари на непознати лица.
Човекот го прави ова од 2014 година во „Вафл хаус“, неговиот омилен ресторан, но и на други места. Освен парите, човекот подарува и порака на која пишува „Сакај ги сите“. Оваа порака ја закачува на секоја банкнота.
- Ми кажа дека тоа се последните зборови кои му ги кажала мајка му - открил Кејт.
Затоа, во нејзината чест, тој се одлучил да ја послуша и навистина да ги сака сите.
Според неговите проценки, овој анонимен човек досега поделил над 13.000 долари.
Извор:
My modern met
Насловна фотографија: Twitter