Банката на Велика Британија денеска ќе пушти во оптек банкноти со ликот на кралот Чарлс Трети, со што ќе стане втората кралска личност чиј лик е на пари, по неговата мајка Елизабета Втора.
- Ова е историски момент бидејќи ова е првпат да го смениме суверенот на банкнотите - изјави гувернерот на Банката на Англија, Ендрју Чарлс.
Додека ликот на поранешната кралица е на банкнотите од 1 фунта од 1960 година, ликот на кралот Чарлс ќе биде на банкнотите од 5, 10, 20 и 50 фунти. Банкнотите ќе се печатат само за да ги заменат оние што се оштетени или за да се задоволи зголемената побарувачка за пари, пренесува „Скај њуз“.
Со овој пристап кон печатење се минимизира влијанието врз животната средина, објасни гувернерот.
Банката на Англија постави привремени места за преземање на новите банкноти во одредени пошти.
Извор: МИА