X
 19.12.2016 Живот

Хумана Србија: Парите за дочек ќе се наменат за болните деца

Откако во Пожега е откажан дочекот на Нова година и парите ќе бидат пренаменети за поправка на скенерот во ужичката болница, во Нови Сад е покрената петиција преку која се бара парите да се наменат за болните деца, а истото е направено и во Суботица. Српските медиуми пишуваат дека земјата е зафатена од некоја хумана епидемија која одамна не е видена.


Во Суботица во моментов се собираат потписи па од градоначалникот ќе биде побарано да ги преманеми парите за дочекот на Нова година за болните деца и возрасниоте на кои им е потребна помош. Петицијата го носи насловот „Да бидеме хумани – Нова година за нов живот“, а акцијата ја покренале неколку активисти, граѓански организации  и поединци.

Официјални информации за тоа за колку пари станува збор се уште нема, но на веб сајтот од градот објавена е документацијата од конкурсите и известување на преговарачкиот дел за настапот на планираната Гоца Тржан на градскиот плоштад.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот