X
 02.08.2026 Живот

Како да ги спречите крадците да провалат во вашиот дом за време на годишните одмори

Според податоците на ФБИ, најголемиот дел од провалите се случуваат среде ден – поточно додека луѓето се на работа или ги извршуваат секојдневните обврски, а бројот на кражби драстично расте во текот на летото.

Интересен е податокот дека повеќето крадци сакаат да влезат и да излезат од куќата за помалку од 10 минути, што значи дека секој чекор што ќе го преземете за да ги забавите е апсолутно драгоцен. Не чекајте да заминете на одмор за да почнете да размислувате за безбедноста. Еве 18 најдобри начини да го заштитите својот дом однадвор и однатре од крадците кои најмногу оперираат во текот на летото.

Проверете ги „слабите точки“:
Свртете круг околу куќата и побарајте прозорци кои лесно можат да се обијат или оние што даваат јасен поглед кон вашиот плазма-телевизор и други драгоцености. Можете дури и да побарате од локалната полиција да изврши безбедносна проверка на вашиот дом и да ви укаже на маните.

Заклучете сè: Обезбедете една од главните влезни точки – прозорците на првиот кат – со вградување безжичен аларм. Паметно испланирајте го дворот: трнливите грмушки под прозорците до кои лесно се доаѓа се одлична идеја, а редовно кастрете ги грмушките за крадците да не можат да се кријат зад нив. Ситните камчиња на патеките, исто така, функционираат бидејќи звукот од чекорите ве предупредува за непоканети гости.

Подигнете ограда: Најдобри се металните огради или оние со шилести врвови и бетонски столбови бидејќи ги држат крадци подалеку. Брави со двоен клуч: Верувале или не, многу крадци едноставно влегуваат низ влезната врата. Размислете за брави за кои е потребен клуч и од внатрешната и од надворешната страна.

Зајакнете ја вратата: Дебелата дрвена врата тешко се разбива. Доколку имате врата со стакло, вградете подни брави за крадецот да не може да го разбие стаклото, да ја провлече раката и да ја отклучи вратата.

Светла со сензори за движење:
Поставете ги на влезовите и на темните места околу куќата. Ако живеете во зграда со мрачен паркинг, побарајте од сопственикот или управникот да го засили осветлувањето.

Вградете безбедносен систем: Аларм или сигурносни камери со ноќно снимање и гледање се најсигурните начини за спречување провала.

Трикот за лизгачки врати:
Тие лесно се обиваат, а решението е крајно едноставно – ставете дршка од метла во долната шина за да го спречите отворањето.

Спремете се за најлошото: Задолжително направете резервна копија (бекап) од компјутерот, а хард дискот и готовината скријте ги на целосно неочекувани места, како орманче за постелнина или кујнски елементи. Сликајте ги драгоценостите и запишете ги сериските броеви на уредите во случај да ви затребаат за осигурувањето.

Набавете сеф: Пасошите, важните документи и накитот чувсјте ги во огноотпорен сеф кој е вграден во ѕид или прицврстен за подот.

Променете ги бравите:
Без оглед дали сте сопственик или потстанар, ова е златно правило бидејќи никогаш не знаете колку копии од клучевите биле претходно направени.

Зајакнете ги малите прозорци: Оние во подрумот се лесна мета за крадците. Вградете метални решетки или сигурносно стакло.

Не фалете се на социјалните мрежи: Одите на одмор? Не објавувајте го тоа на социјалните мрежи бидејќи тоа ве прави лесен плен за „технолошки писмените“ крадци.

Заклучете ја гаражата: Гаражните врати се лесен пристапен пат. Ако ве нема неколку дена, заклучете ги и исклучете го автоматскиот систем за отворање.

Оставете вклучено радио:
Многу лесен и неверојатно евтин начин да создадете илузија дека во куќата има некој.

Што ако најлошото сепак се случи? Доколку се случи она незамисливото и затекнете обиен дом, спротивставете му се на инстинктот да влезете внатре – провалникот можеби сè уште е внатре. Веднаш повикајте полиција од кај соседот или од својот мобилен телефон и не допирајте апсолутно ништо. Отпечатоците од прсти се клучни за откривање на крадците.

Извор: бука
Фото: magnific

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот