X
 01.09.2016 Култура

Сириските власти ве повикуваат на одмор во Сирија

Иако во земјата владее крвава војна и е преполна со исламски екстремисти, сириската влада сака да привлече колку што може повеќе туристи кои би уживале во златните плажи и топлото море.

 

сирија


Сириското министерство за туризам не сака да дозволи вооружените конфликти и смртта на илјада невини цивили да застанат на патот кон промовирање на земјата како идеална дестинација за туристи.

За таа цел тие објавија видео снимка која дава еден сосема различен поглед на оваа земја од она што го гледаме секој ден на вестите. На видеото е прикажан крајбрежниот град Тартус како место каде туристите можат да уживаат на сонцето, песочните плажи и азурното сино море. Дури и се гледаат лежалки и луѓе кои возат џет-ски.

Иако Сирија, без сомнение е прекрасна земја, војната помеѓу владините сили и бунтовниците како и борбата против екстремистите на ИСИС досега однесе околу 470.000 животи и расели неколку милиони, сепак министерството за туризам на оваа земја на официјалната Фејсбук страна објави дека доживеа раст на туризмот за 30%.

 

Градот Тартус, кој е промовиран на видеото, се смета за подрачје под контрола на владата на Асад. Претходно оваа година, во овој град се случиле неколку самоубиствени бомбашки напади за кои одговорноста ја презеде Исламската држава. Во тие напади и нападот на градот Јаблех, кој се наоѓа во близина, загинаа 140 лица.

Останатите препораки на страната на сириската туристичка агенција вклучуваат посета на древниот град Палмира, кој неодамна беше ослободен откако со месеци беше под контрола од ИСИС. Исто така го препорачува и пристанишниот град Латак кој во август беше мета на насилство после судирите со сириската армија и милитантната група Ал Фатех.

Во далечната 1970 година туристичкиот одбор на Северна Ирска беше во слична тешка ситуација и не можеше да го подобри туризмот во Белфаст за време на нападите на ИРА. 

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура