X
 28.05.2023 Живот

Никсен - нов холандски тренд за одмор од работата

Никсен е нов холандски тренд кој им помага на луѓето да закрепнат од стресот и прегорувањето поради секојдневните обврски. Самиот збор посочува за што станува збор бидејќи во превод значи „не прави ништо“.

Сè повеќе луѓе се жалат на исцрпеност и депресија предизвикана од прекумерна работа. Никсен значи никаква работа, дури ниту вежбање, читање или гледање во телефонот. Суштината е едноставна, не правете или не размислувајте за ништо, пуштете го вашиот ум да скита каде сака. Во суштина тоа е некој нов вид холандска медитација, но не се почитуваат правила, вие само постоите во моментот.

Потребата за одмор расте во последните години, а причините за тоа се многу. Нашите животи и нашите работни места стануваат сè покомплексни. Имаме тенденција да поминуваме многу време на компјутер или телефон. Има голем притисок да бидеме најдобрата верзија од себеси, било на нашите работни места било пред блиските.

Ни помага да забавиме, а парадоксално, ни помага и да станеме попродуктивни бидејќи паузата му годи на мозокот. Веројатно ова е и причината зошто Холанѓаните, иако не работат долги часови, обично се многу ефикасни во работата.

Каде треба да се практикува никсен?

Осамените плажи и пустините се одлични места за никсен. Освен тоа, добри се и парковите, особено оние со повеќе природа. Во суштина, само треба да одите во природа, во тишина, каде што нема врева и луѓе.

Извор: Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот