X
 02.09.2017 Живот

Работи што не треба да ги кажете никому

На овој свет, иако честопати зависи од вистината, некогаш му е потребен баланс, па затоа некои вистини добро би било да не се кажани.

Токму затоа, најмудрите луѓе советуваат да молчиме и да не кажуваме некои работи.

1. Вашите долгорочни планови

Мудрите луѓе предупредуваат дека никогаш не треба да ги откривате вашите долгорочни планови. Никому! Чекајте до моментот кога ќе ги реализирате.

Нашите планови и идеи се ранливи ако им ги откриеме на други луѓе.

2. Вашите добри дела

Добрите дела се ретки во светот. Тие треба да се чуваат како што ги чувате очите. Фалењето дека сте направиле добро дело ја уништува чистината и создава простор за гордоста.

3. Вашиот аскетизам

Од што и да се воздржувате, што и да одбегнувате, без разлика дали е алкохол, некои физички задоволства, храна или други видови индулгенции, тоа е нешто што треба да го знаете само вие.

Немојте да го живеете вашиот живот за им кажувате на другите луѓе за него. Секој има свој начин на извршување на активностите, како и сопствен избор.

Правете го она што ве прави среќни. Откривањето на вашиот аскетизам на другите ја уништува намерата да станете подобра личност.

4. Вашето херојство

Мудрите луѓе велат дека вистинскиот херој е тивок.

Хероите го прават тоа што го прават не за да знаат другите, туку тие длабоко во нивните срца знаат дека тоа е вистинската работа. Тие веруваат во својата кауза и не треба да добијат аплауз, ниту одобрение од никого.

5. Вашите семејни проблеми


Што се случува со вашето семејство, моментите што ги споделувате со вашиот партнер, вашиот приватен живот, сето ова треба да остане приватно.

Исто така, треба да ја земете предвид и приватноста на другите луѓе. Деталите што ги знаете за членовите од вашето семејство и вашиот партнер ги знаете со причина - бидејќи сте блиски.

Другите може ви се блиски, но не им се блиски на вашите пријатели. Немојте да ги кршите овие „ѕидови“ без нивна дозвола.

6. Вашите тајни и непријатните факти што ги знаете за другите луѓе

Онака како што можете да ги извалкате вашите чевли, можете да ја извалкате и вашата свест.

Озборувањето на другите луѓе ја валка вашата свест, а овие дамки подоцна стануваат негативна енергија.

7. Вашите грешки во минатото

Минатото е минато. Оставете го бидејќи во спротивно, носи само негативна енергија.

Ако ја пропуштите можноста што ви ја нуди сегашноста, не можете да направите ништо - ќе бидете само чекор поназад и никогаш нема да живеете во моментот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот