X
 25.04.2016 Култура

Работи кои не сте ги знаеле за "Game of thrones"

трон

 

Стана еден вид на „интернет спорт“ да се анализира и дебатира секој елемент на „Game of thrones“. Сепак некои аспекти од серијата, како што враќањето на Џон Сноу се`уште се неодговорени додека други имаат позадоволувачки заклучок.


1. Иван Рион, кој го глуми демонскиот Ремзи Сноу, за малку ќе ја глумеше улогата на Џон Сноу. Приказната оди такашто Рион не го знаел идентитетот на ликот кој го глумел бидејќи Ремзи Сноу имал толку значајна улога во сериите „Песна за мразот и оганот“. „Не ми беше дозволено да зборувам со никого за тоа уште од самиот почеток на снимањето па се` до емитувањето на крајот на третата сезона. Требаше на сите да им велам: „Мојот лик е машко“, што беше прилично засрамувачки. Бев на аудиција за пилотот на „Game of thrones“, и останав меѓу последните двајца за ликот на Џон Сноу. Но Ремзи беше целосна негова спротивност. Во мојот ум, потајно мислев дека сум Ремзи“.

2. Портретирањето на Џек Глисон како манијакот Крал Џофри беше инспирирано од изведбата на Жоакин Феникс како Комодус во „Gladiator“. „Секако дека за моето портретирање на Кралот Џофри беше пд влијание на оваа изведба“, изјави Глисон во 2014. Другото негово влијание малку изненадува: чудовиштето Хексус од „FernGully“. Глисон вели дека ликот беше еден од неговите најголеми стравови во текот на детството. Како што интернетот забележува, Џофри и садистичкиот римски император Калигула имаат доста карактеристики, вклучувајќи ја и нивната неверојатна сличност.

3. Додека се снимала сцената во која Денерис јаде срце од коњ, актерката Емилија Кларк била опкружена со лажна крв во која всушност заглавила. „Бев покриена од глава до пети во лажна крв. А тоа останува лепливо долго време. Всушност, додека снимавме, отидов во вц, и се заглавив“, вели таа. Што се однесува до „срцето на коњот“, Кларк открива дека имаше вкус на големо гумена бомбона.

4. Кога сме веќе кај Мајката на змејовите, веројатно го изговарате нејзиното име погрешно. Според Дејвид Џ.Петерсон, одговорното лице за создавањето на јазикот за Дотратки и Валиријан, изговорот е „KHAH-lay-see“, а не „ka-LEE-see“. Сепак, тој открива дека на продуцентите повеќе им се допаѓал „погрешниот“ начин на изговор, па решиле да го задржат.

5. Џорџ Р.Р Мартин, писателот на книгите, многу пати има повторено дека сериите книги на Џ.Р.Р Толкин имале огромно влијание врз него. „Ги читав „Господарот на прстените“ по неколку пати низ годините, и тие имаа огромно влијание врз мене како дете“, изјави еднаш мартин. „Во извесна смисла, кога започнав со оваа сага, јас му одговорив на Толкин, и не само него, туку и на сите негови модерни имитатори“. Интересно е тоа што во серијата, на Железниот трон се појавува мечот на Гандалф, како и оној на Робин Худ.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура