X
 24.08.2017 Култура

Светот на Хитлер: Дознајте што би се случило кога тој би победил

Адолф Хитлер и сите припадници на Третиот Рајх биле уверени дека ќе победат во Втората светска војна. Токму поради тоа, тие не само што подготвувале планови за борба туку и детално разработувале и планови за владеење после победата.

Враќање на земјата на американските Индијанци

Нацистите биле подготвени на геноцид, но кога станува збор за американските Индијанци, тие изненадувачки ги прифатиле. Меѓу плановите за покорување на Америка било и ветувањето дека американската земја ќе им ја вратат на домородците. Тие работеле со групата Американско индијанско сојузништво и ги регрутирале како фашистички симпатизери. Некои членови од групата не биле само симпатизери, туку станале и нацисти. Поглаварот Црвен Облак ја украсувал облеката со свастика и одржувал говори во кои Евреите ги нарекувал „деца на Сатаната“.

Вселенско огледало

Без сомневање, еден од најнеобичните нацистички планови било големото огледало во вселената. Нацистите планирале да стават огромно огледало со дијаметар од 1,6 километар во орбитата над Земјата, на 35.900 километри. Тие планирале да го користат како оружје од вселената. Кога некој ќе ги изнервирал нацистите, тие планирале да го насочат огледалото така што тоа би ги рефлектирало зраците на Сонцето во тој град.

Азиски простор на заеднички напредок


Се разбира, и Јапонија имала свои планови. Во своите воени соби нацистите и Јапонците веќе создале нови империи во сите делови од светот. Јапонците се договориле да владеат со сите делови од светот источно од 70-тиот меридијан, земајќи поголем дел од Индија. Јапонската Империја измислила и име: „Големата Источна Азија копросперитетна сфера“. Било планирано да е царство исполнето со пријателски зборови избрани за да ви го одвлечат вниманието од нивното темно значење. Луѓето на секоја нација би биле тренирани да бидат „лидери на сопствениот народ“, претворајќи ги во јапонски пиончиња.

Нацистички жив ѕид

Нацистичката одбрана против новото јапонско царство морала да започне од 70-тиот меридијан источно. Со текот на времето, тие биле сигурни дека би избила нова војна помеѓу двата нови владетели во светот, па требало да се подготват за неа.

Планот бил да се создаде „жив ѕид“ од германски доселеници кои би престојувале по должината на границата раѓајќи деца колку што би можеле. Секој способен што служел 12 години во нацистичка војска би морало да биде испратен на источната граница, да му се даде фарма и пиштол и да создаде колку што може повеќе мали нацисти.

Предизвикување на американско-британска војна

И покрај приватните разговори со Црвен Облак, Хитлер јавно тврдел дека нема планови да ја нападне Америка. Сепак, не криел дека го мрази овој народ.

„Чувствувам омраза кон Американците. Однесувањето на американското општество открива дека тие се половина јудаизирани, а другата половина мелези“, му рекол во една пригода на еден од неговите вработени. Сепак, тој не мислел дека ќе мора да ја окупира Америка. Пред Америка да им се приклучи на Сојузниците, тој бил сигурен дека ќе ја искористи можноста за напад на Велика Британија.

Поробување на Источна Европа

Нацистите биле одлучни да го убијат секој Евреин на планетата, но нивните планови за геноцид не застанувале само тука. Словените во Источна Европа биле следните „расно непосакувани“ групи кои планирале да ги искоренат. Во времето кога војната завршувала, Хитлер веќе започнал некои планови. Планот наречен „Генералплан Ост“ бил систематска операција за бришење на Словените и нивната култура од планетата. Први на мета биле лидерите. Пред крајот на војната, нацистите веќе ја ликвидирале советската елита и сите оние што имале културно влијание. Ако нацистите ја освоеле Русија, ќе започнеле депортација на 31 милион Словени во Сибир за да работат како робови во логори за присилна работа. Другите би биле испратени на трговија со робови изработена според американскиот модел на ропство. За да ги заменат, било планирано да бидат испратени 10 милиони етнички Германци за да започнат ново, расно чисто семејство. Во период од 30 години, 50 милиони луѓе би биле депортирани во робовските логори и таму убиени. Скоро цела Источна Европа би била избришана.

Убиство на Ганди

Во 1938 година, пред војната, Хитлер го советувал британскиот министер за надворешни работи. „Убиј го Ганди“, му рекол тој. „Ако тоа не е доволно за да ги намалиме на прифатливо ниво, убиј десет водечки членови на Конгресот“. Што се однесувало до Хитлер, Британците премногу му попуштале на мирните протести на Ганди. Хитлер верувал дека Индијците се инфериорна раса, а требало да им бидат потчинети на ариевците.

Поробување на сите Британци

Додека војната беснеела, а Британците одбивале да се предадат, позитивното чувство на Хитлер кон британскиот дух започнало да згаснува. По некое време неговата желба била само да ги уништи нивните животи - и тој веќе имал план како да го направи тоа. Ако Британија паднела под нацистите, тој сакал да се воведе нов закон. Секој маж на возраст од 17 и 45 години би требало да биде пренесен во континентална Европа, каде што би работел како роб.

Воспоставување муслиманска власт на Блискиот Исток

Хитлер бил изненадувачки промуслимански ориентиран. И тој и Хајнрих Химлер се жалеле бидејќи Германија била христијанска земја.

„Религијата на Мухамед би била многу посоодветна за нас отколку христијанството“, рекол тој во една пригода.

Тој пронашол сродна душа во Хај Амин ал-Хусеини, кој му рекол дека имаат исти непријатели: Англичаните, Евреите и комунистите.

Преобразување во јеховини сведоци

Тоа не значи дека целото нацистичко царство би било муслиманско, но ако Химлер ги исполнел неговите планови, Источна Европа би била претворена во друга религија: јеховини сведоци. Нацистите убиле десетици илјади јеховини сведоци во концентрационите логори. Иако масовно ги убивал, Химлер чудно ја почитувал религијата.

„Ако нивниот фанатизам може да се искористи за Германија, ќе бидеме посилни отколку што сме денес“, изјавил тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура