Повеќето од нас се свесни за големите работи кои мора да ги направиме со цел да имаме исполнет живот, но што со малите нешта? Токму оние мали нешта што ги забораваме, а токму тие мали нешта прават разлика во нашите животи.
Прифаќањето на овие навидум мали аспекти во врска со животот е она што може да не`поттикне и „опреми“ со „алатките“ кои ни се потребни за живот. Кои се оние работи што човек секогаш треба да ги помни, но често ги заборава?
1. Бидете целосно искрени
...со самиот себеси! Животот ве научи да лажете, мамите или да ги чувате информациите за себе, но што кога станува збор за лажењето на самите себеси? Имате храброст да бидете брутално искрени со сите други, но сте кукавици кога треба да бидете искрени со себеси.
2. Имајте храброст да ги реализирате вашите соништа
Секако, целиот свет ви кажува дека залудно го трошите времето, но во вашето срце знаете дека го правите она за кое сте родени. Не очајувајте кога ќе ги споделите вашите соништа со луѓеток, а тие едноставно знаат само да ве исмејуваат.
3. Почит кон родителите
Ова можеби е тешко, но постои нешто свето и искрено во врска со почитта кон вашите родители. Без оглед на околностите, вие сте тука поради нив. Бидете благодарни затоа што имате семејство и сте дел од нешто што е над изборот.
4. Простете но не заборавајте
Држењето на грутка лутина е навистина нешто лошо кое не треба да го правите. Бидете подготвени да простите, но не се терајте себеси да ги заборавите глупостите на другите кои ве повредиле тешко.
5. Запомнете дека вашата насмевка може да го промени светот
Секој човек со себе има една многу моќна „алатка“ која навистина може да го промени светот - насмевката. Вие имате способност на друг човек да му го разубавите денот токму со вашата насмевка.
6. Уживајте во тишината
На денешно време кога во текот на денот постојано сте бомбардирани со мобилни телефони, телевизори, радија и други уреди, невозможно е да уживате во тишината. Затоа, не ја пропуштајте секоја дадена шанса.
7. Живејте во сегашноста
Вчера замина - учете од него. Утре се`уште не е дојдено, па затоа подгответе се за него.
Денес е тука - целосно уживајте бидејќи никогаш нема да го имате токму истиот момент. Бидете подготвени да ја искусите секоја секунда од животот бидејќи животот е премногу краток за да го трошите залудно.
8. Не им судете на другите
Не постигнувате ништо со судењето на другите. Единствено што правите е тоа што со вашата самоправедност се заслепувате. Почитувајте ги другите околу вас и пред да осудите, обидете се да се ставите на нивното место и да видите како би изреагирале вие.
9. Помогнете им на другите да ги исполнат своите соништа
Неверојатниот Зи Зиглар еднаш рекол: „Можете да имате што сакате во животот, ако им помогнете на другите луѓе да го добијат она што го сакаат“. Кога ќе им помогнете на другите, да знаете дека секогаш имате помош околу вас.
10. Опкружете се себеси со позитивни влијанија
Кога животот станува тежок, од суштинско значење е да имате силен систем на поддршка кој ќе влијае на позитивен начин. Стремете се да размислувате позитивно и да ја отстраните негативната енергија.
11. Не губете надеж
Без разлика на околностите со кои се соочувате, верувајте дека секогаш постои излез. Се` додека дишите, постои место за растење, промена и надеж.
12. Бидете љубезни, дури и тогаш кога другите не го заслужуваат тоа
Наречете го како сакате, карма, златно правило, како сакате. Но мора да запомните дека секогаш треба да бидете љубезни и тоа не само кон оние кои со вас се однесуваат добро, туку и кон оние луѓе кои не го заслужуваат тоа.
13. Бидете добар слушател
Кога другите зборуваат, вие слушајте и бидете присутни. Дајте им почит кон нивните зборови.
14. Секогаш имајте книга до вас
Времето е драгоцено и постојано го губиме. Затоа добро би било секогаш до вас да имате корисна книга; стремете се секој ден да учите нешто ново.
15. Борете се за љубовта
Љубовта е вистински благослов кога ќе ја пронајдете, но не е секогаш блаженство. Но, ако ја пронајдете вашата вистинска љубов, борете се за неа.