X
 02.09.2018 Живот

Вистината за приватноста на Мајкл Џексон

Кога британскиот фотограф Дејв Хоган првпат го сретнал Мајкл Џексон во 1983 година, Кралот на поп-музиката носел смокинг и стоел во ќоше во една соба во лондонскиот хотел „Гросвенор“.

Само неколку месеци порано Џексон го објавил албумот „Трилер“, кој сѐ уште е меѓу најпродаваните албуми на сите времиња во САД. Мајкл бил во Лондон за Британските музички награди, на кои присуствувале и други ѕвезди како Пол Макартни, а Хоган ја искористил можноста и направил нешто што повеќето луѓе не го правеле во тоа време - му пришол на Џексон и почнал разговор со него.

-Отидов и само почнав да разговарам со него. Реков: „Здраво, како си? Колку долго си во Лондон?“ И мислам дека беше малку збунет бидејќи никој не му го правеше тоа - раскажува Хоган.

Тој разговор бил почетокот на долга соработка која траела речиси две децении и неколку светски турнеи.

-Работев со Тејлор Свифт и Ролинг Стоунс - една од најславните пејачки и еден од најголемите рок бендови. Но, никој не беше поголем од Мајкл Џексон - вели тој.

Џексон, кој почина во 2009 година, на 29 август ќе наполнеше 60 години. Ова е поглед наназад на неговата кариера преку леќите на фотографот кој помогнал да се документираат многу моменти од животот на еден од најголемите пејачи.

Првата средба

Овој портрет од Џексон, која се прошири по неговата смрт, всушност е од таа ноќ кога Хоган го сретнал.

Фото: News.com.au

-Тоа е првиот пат кога го фотографирав. Се сеќавам дека си помислив: „Боже, тој има прекрасно лице“ - се сеќава фотографот.

Невообичаено пријателство

На оваа фотографија од истите тие Британските музички награди, Џексон е во друштво на Ким Вајлд, Пит Таунсенд и Пол Мекартни. Откако Хоган зборувал со него, Мајкл побарал од него да го фотографира со пријателите. Потоа тие двајца го изградиле, како што вели фотографот, чудниот однос.

Фото: News.com.au

-Од издавачката куќа само ќе ми се јавеа кога Мајкл ќе беше тука и ќе ми речеа: „Ќе оди на шопинг, сакаш ли да одиш со него?“ Не му бев новиот најдобар пријател - јас бев таму да забележам што се случуваше во неговиот живот во тоа време - вели Хоган.

Џексон на „Вембли“ во 1988 година
Фото: News.com.au

Далеку од лудите толпи луѓе

Хоган објаснува дека од сите луѓе со кои соработувал, Мајкл Џексон бил ѕвездата по која луѓето најмногу откачувале.

-Само што ќе го видеа ќе почнеа да врескаат и да плачат. Беше навистина малку бизарен начин за да го живеете животот - вели Хоган.

Џексон се кажува на лимузината пред „Мадам Тисо“ во Лондон во 1990 година
Фото: News.com.au



Полицијата контролира толпа обожавачи на Мајкл Џексон пред музејот „Мадам Тисо“ (1985)
Фото: News.com.au

Фотографии од зад сцената


Фотографот се присетува на возбудата кај публиката со самото појавување на Џексон на сцената, но и на тоа колку и самиот тој бил воодушевуван. На турнејата „HIStory“ во 1997 година Хоган имал ретка можност да погледне што се случува зад сцената, вклучително и неговите костими.

-Ги отворив сите куфери за да фотографирам што има внатре и тогаш помислив како целата историја на Мајкл Џексон е таму - вели Хоган.

Фото: News.com.au

Менаџерот на градеробата на Џексон во еден момент го прашал Хоган дали сака да ги проба шапката и ракавиците. Фотографот раскажува дека во самиот момент почнувате да танцувате нанапред и наназад и дека менаџерот му кажал оти сите го прават тоа.

Фото: News.com.au

Хоган ги фотографирал и чевлите на Мајкл, за кои веќе е познато дека биле клучниот фактор за кралот на поп музиката да може да го изведе својот познат танц.

Фото: News.com.au

Еден од моментите кои му останале во сеќавање на Хоган е кога тој стоел во малата соблекувална, а Мајкл влегол и се напрскал дезодоранс.

Фото: News.com.au

-Помислив: „Боже мој, Мајкл се поти“ - вели фотографот додавајќи дека се заборавал дека Џексон всушност бил нормално човечко суштество.

Хоган го фотографирал Џексон и во 2001 година на прославата на 30-годишната кариера и неколку пати подоцна, вклучително и на прес-конференцијата во март 2009 година, кога Џексон најави турнеја за враќање.

Џексон и Слеш (2001)
Фото: News.com.au

Сигурно дека ќе го викнеле повторно, но не било судено. На 25 јуни 2009 година пејачот почина на 50-годишна возраст.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот