X
 03.04.2021 Култура

Невидени фотографии од филмскиот сет во текот на снимањето на „Кум“ во 1971 година

Трилогијата „Кум“ е еден вид споменик на американското кино. Секако, постојат разлики во постигнувањата на трите филма, но првиот „Кум“ од 1972 година се издвојува, според мислењето на критичарите, како едно од трајните дела на американското кино.

Природно е да се сметаат овие филмови како трилогија. Во комерцијална смисла, „Кум“ и „Кум II“ беа блокбастери. „Кум“ беше еден од најпрофитабилните филмови на сите времиња. Се смета дека низ годините трилогијата заработила повеќе од милијарда долари.

Улогата на Вито Корлеоне во „Кум“ беше пресвртница во кариерата на Марлон Брандо. Режисерот Френсис Форд Купола го убеди Брандо да го прифати шминкањето во текот на снимањето, па Брандо почна сам да се шминка. Копола бил воодушевен од карактеризацијата на Брандо како глава на криминално семејство, но морал да се бори со студиото за да го прифати темпераментниот Брандо.

Фотографиите прикажани во продолжение се направени од фотографите на „Њујорк дејли њуз“, кои биле известени од соседите и морале да се качат на пожарникарските скали на зградата за да го фотографираат Марлон Брандо како кумот.

„Кум“ продолжува да биде сакан и ценет и останува еден од ретките трајни и популарни класици на американското кино. Филмовите доживеаја голем успех и заработија повеќе од дванаесет номинации за „Оскар“.

Покрај тоа, првите два филма претставуваа социјален феномен навлегувајќи во секое ниво на американската култура.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Rarehistoricalphotos.com
Фото: Mondadori Portfolio
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура