X
 02.09.2021 Живот

Вработените во „Најки“ добија слободна недела за да поминат време со најблиските

Компанијата за спортска облека и опрема „Најки“ неодамна им подели неочекуван подарок на вработените во седиштето на компанијата.

Вработените добија слободна недела за да поминат повеќе време со пријателите и блиските и со тоа да му дадат приоритет на менталното здравје. Веста била објавена на „Линкдин“ од страна на менаџерот Мет Марацо, кој напишал дека сите вработени во седиштето на компанијата нема да работат една недела.

- Нашите лидери испраќаат јасна порака. Издвојте време да се опуштите, да се релаксирате и да поминете време со саканите. Не работете - напишал Марацо.



Извор: Inc
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот