Компанијата „Фејсбук“ неодамна беше именувана за најдобра во Америка од страна на веб-страницата „Гласдор“. Па сигурно не е изненадувачки фактот дека интервјуата што се спроведуваат во технолошката компанија не се секогаш лесни. Кандидатите го оцениле процесот на вработување со оцена од 3,2 до 5 во однос на „тешкотијата“ за добивање работа.
Најголемиот дел од интервјуата подразбираат техничка експертиза, но и некои од другите прашања се малку збунувачки. Ова се неколку од нив:
1. Опишете го карактерот на извршен директор за кој не би сакале повторно да работите.
2. Зошто барате можности надвор од вашето сегашно работно место и сегашниот работодавец?
3. Како би го граделе „
Фејсбук“ за лицата што имаат оштетен вид?
4. Доколку имате можност да му поставите прашања на Марк Зукерберг, што би го прашале и зошто?
5. Има ли нешто што мразите да го правите?
6. Се гордееме со добрата работа и балансот помеѓу домот и работата и животот воопшто. Колкав баланс би ви бил потребен за да бидете среќни на двете места?
7. Како би ве опишале вашите колеги?