Хрватската туристичка компанија „Круз Хрватска“ нуди бесплатно патување за истражување на хрватското крајбрежје и островите. Уште подобро, ќе ви бидат платени 550 евра за искуството. Јахтата на компанијата ќе патува од Сплит до Дубровник, истражувајќи ги крајбрежјето и далматинските острови.
Кандидатот што ќе биде избран ќе биде поканет да ги посети фармите за остриги, како и некои од 800-те традиционални винарници каде што за време на вечерата ќе има можност да вкуси некои од најдобрите јадења во регионот.
Ќе биде вклучено и готвење од страна на локалните жители, при што готвачот ќе го научи кандидатот да ги приготвува најдобрите јадења што се пренесуваат низ генерации.
Фото: Getty Images
Освен јадењето, кандидатот ќе има можност да го посети националниот парк Крка, како и Хвар и Вис.
Условите се кандидатот да биде заинтересиран за храна и пијалак, да има познавање за виното и вкусната храна за да може да даде детална рецензија за менијата и екскурзиите.
Избраниот кандидат ќе престојува на луксузната јахта со приватен балкон во период од седум дена.
Сите заинтересирани можат да се пријават
ТУКА и да дознаат повеќе детали за патувањето. Апликациите се отворени до 4 септември, а патувањето е закажано за 10 октомври 2020 година.
Кандидатите мора да бидат над 18 години. Трошоците за летот не се вклучени.