„Корендон ерлајнс“ воведува зони без деца на одредени летови како нова услуга која ќе почне да се применува за неколку месеци. Оваа турска компанија ќе ја нуди услугата „само за возрасни“ на почетокот од ноември, главно на долгите летови, на кои децата стануваат нервозни и раздразливи.
Ако некогаш сте патувале со авион во кој патуваат и мали деца, веројатно сте ја вклучиле музиката на телефонот до максимум за да не го слушате плачењето. Токму затоа, „Корендон ерлајнс“ на своите летови меѓу Амстердам и Курасао воведува „тивки зони“, односно простор во кабината без деца, со дополнителен надомест. Услугата, која официјално ќе почне на 3 ноември, ќе биде резервирана само за патниците над 6 години.
Основачот на „Корендон“, Атилај Услу, изјави дека оваа нова услуга овозможува дистанца меѓу патниците. На овој начин тие истовремено сакаат да им помогнат на родителите чии деца евентуално би ги вознемириле другите патници.
Патниците што ќе се качат на летот можат да резервираат место за само 48 долари во зоната наменета само за возрасни, која ќе се наоѓа во предниот дел на авионот и ќе биде одвоена од остатокот од кабината со ѕид. Тоа е првата европска авиокомпанија што го пренамени просторот во кабината исклучиво за возрасни.
Извор:
b92.net
Фото: Freepik