X
 13.07.2021 Живот

Најстариот патник на светот: Ги посетил сите земји трошејќи по еден долар на ден

Андре Бружиро го посветил својот живот на патувања и на 84-годишна возраст може да се пофали дека посетил 135 земји, поминувајќи 400.000 километри претежно со автостоп и не трошејќи многу пари.

Бружиро пораснал во Париз и неговата мајка го охрабрила да патува. Таа го запишала во извидници, каде што научил како да се снаоѓа. Особено влијание врз него имало растењето за време на војната, со што била зајакната неговата желба да открие дали еден ден е можен мир во светот.

На 17-годишна возраст, со завршено средно училиште и 10 франци во џебот, тргнал низ Европа, каде што поминал седум години работејќи скратено работно време и учејќи јазик. Помеѓу престојот во Шпанија и Западна Германија, отслужил воен рок во Конго.

Потоа работел како преведувач во Канада три години, а парите што ги штедел ги трошел на патувања во наредните шест години. Патувал претежно со автостоп, иако користел и авион, брод и јахта, и максимум трошел еден долар на ден.

1
Фото: Screenshot/Facebook

За време на неговите патувања, бил во затвор седум пати, во неколку наврати за малку не бил убиен, депортиран и ограбен. Престојувал кај д-р Швајцер во болница во Габон, се дружел со хипици во Сан Франциско, со ловци на глави во Борнео, со будистички монаси во Бангкок. Студирал јога во Индија, работел во Израел, видел како се шверцува накит во Шри Ланка и како луѓето живеат во бегалски кампови во Камбоџа.

3
Фото: Instagram

Одлучил повторно да тргне на пат и во наредните 30 години посетил земји и територии што претходно не ги видел. Во 2004 година тој ја преминал границата со хималајското кралство Мустанг. Една година подоцна си ја исполнил желбата: набљудувал поларни мечки во заливот Черчил во Канада.

70-тиот роденден го прославил на островот Сокотра во Јемен, а две години подоцна се спуштил по реката Лена. Потоа престојувал во Јужен Судан и успеал да стигне до најоддалечениот остров во светот, Тристан де Куња.

По посетата на 135 земји, поминувајќи над 400.000 километри, Андре објавил книга и документарен филм за неговите патувања - „Земјата е само една земја“.

Како еден од најголемите патници на денешницата, го доби прекарот Марко Поло.



Извор: 24sedam.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот